Lexus во својот модел ES, наместо класични ретровизори, ќе вгради дигитални. Но само во Јапонија

За возачите ретровизорите се незаменливи. Меѓутоа, лошо поставените ретровизори можат да го отежнат возењето.

Во Јапонија имаат малку поинаква филозофија за ретровизорите. Уште во 2016 година е озаконет системот од камери и екран наместо класични ретровизори.

Принципот е едноставен. Таму каде што на автомобилот вообичаено се наоѓа ретровизорот, има камера која снима се што се случува и испраќа слика на екранот кој се наоѓа во внатрешноста на возилото.

Иако таквиот систем, како што веќе напоменавме е озаконет уште во 2016 година, засега само Lexus ќе го примени во пракса. Мора да се признае – изгледа неверојатно.

Новиот Lexus ES доаѓа без класични ретровизори, односно со комбинирање на камери и LCD екран. Ова значи дека новиот Lexus, ќе биде првиот сериски произведен автомобил кој ќе има таков дигитален систем.

Дигиталните ретровизори не само што покажуваат што се случува зад автомобилот, туку и го продолжуваат аголот на гледање и се прилагодуваат на насоката во која се движи автомобилот. Ова целосно го елиминира „мртвиот агол“. Системот дополнително ќе реагира со алармирање на возачот додека до него се приближува автомобил, а овој сака да ја промени патеката на движење.

Дополнителна предност на ваквите ретровизори е тоа што самата камера е многу помала, па видливоста и аеродинамиката се подобри.

Од Lexus исто така известуваат дека дизајнот на камерите е таков што се отпорни на акумулација на капки и снег.