Паднатите лисја во есен за многумина се преубав есенски пејзаж и основа за многу фантастични фотографи. Но, тие исто така претставуваат и голема опасност, покажува експеримент спроведен од инженерите на Ford

Експертите од компанијата се свесни за тоа што да очекуваат од снег или мраз, бидејќи со години ги тестираат своите автомобили во слични услови во скандинавските земји. Меѓутоа, тестирања за тоа како се однесуваат автомобилите на површина со листови досега не се спроведени.

За оваа цел, тимот на Ford спровел необичен експеримент, покривајќи со лисја тест полигон во Белгија. Тука е и инструментот за одредување на коефициентот на лизгавост на патот.

Резултатите покажале дека во лисјата всушност се исто толку лизгави колку и снегот. Лизгавоста се мери во единица µ  – колку е полизгава површината, толку е помала вредноста на коефициентот. За време на испитувањата, на одредени делови коефициентот бил 0.3-0.4, исто како и кога се вози на со снег покриен пат.

„Ова може да се гледа како забавен експеримент, но заклучоците од него се доста сериозни“, рече Еди Кастил, инженер во европската поделба на Ford. „Повеќето луѓе се свесни дека треба да забават на снег, но малкумина тоа го прават кога ќе наидат на дел од патот покриен со лисја. Тие не се ништо помалку лизгави и помалку опасни“.

Loading...