Колку е прооден новиот Land Rover Defender? / ВИДЕО
Land Rover покажа како oва теренско возило се справува со разни пречки
Британскиот производител Land Rover објави видео на кое се гледа како новиот Defender се справува со груб терен. Идејата е да се покаже дека севкупно возилото не е инфериорно во однос на неговите претходници кои моделот го претворија во легенда токму поради неговите одлични теренски перформанси.
Зад воланот на автомобилот е главниот инженер на новиот Defender (верзија 110) – Мајк Крос. Тој ни покажува како машината се справува на два различни теста, наречени „Скок“ и „Рели“.
Во првиот тест, Defender 110 надминува релативно мали скокови кога патува со голема брзина. Според Крос, овие тестови треба да го покажат однесувањето на машината na потенцијалните клиенти кои претпочитаат таканареченo „теренскo“ возење или локации надвор од патот каде се развиваат големи брзини.
Следната задача е движење (повторно со голема брзина) по влажен и каллив пат. Идејата во овој случај е Land Rover Defender 110 да демонстрира што може на ваков терен. Способноста да се поминуваат големи и длабоки бари не е нешто ново, но е еден од најважните квалитети на вистински теренец.
Продажбата на новата генерација на моделот ќе започне во 2020 година. Британскиот производител подготвува неколку верзии на возилото меѓу кои со три врати (90) и продолжено меѓуоскино растојание (130), а се шпекулира дека ќе има и пикап верзија.