Останува на вас добро да размислите, а на нас е да ви помогнеме во донесувањето на вистинската одлука. Еве ги  добрите и лошите страни на ноќното возење…

Причини „ЗА“

Возењето во текот на ноќта е позабавно, особено ако температурите во текот на денот се повисоки. Сообраќајот е со помала фреквенција, овозможувајќи константно темпо на возење, со што пак се штедaт виталните делови на автомобилот и се штеди гориво. Светлата на автомобилите се приметуваат од далеку па попрегледно е пристигнувањето на возила од спротивна насока дури и од непрегледен свиок, со што пак е олеснето престигнувањето и се намалуваат ризиците. Полесно е да се забележи ако некој вози премногу блиску до задниот дел, по што може да биде предупреден со трепкачите…

Причини „НЕ“

Избегнувајте ноќно возење доколку е дождливо, бидејќи тогаш видливоста значително се намалува, а со тоа растат и ризиците од налет на поспори возила, пешаци, велосипедисти… Како возач, изложени сте на чести заслепувања од возилата кои доаѓаат од спротивен правец, а поради ноќните миграции, ризикот од средби со животни на патот е зголемен. Условите за видливост во суштина зависат од состојбата на сообраќајните знаци. Запалените светла ја зголемуваат потрошувачката на гориво за 0,1 – 0,2 л / 100 км. Никако не заборавајте дека е зголемен е ризикот од замор и заспивање на воланот.