Производител од Турција го откри првиот национален летечки автомобил, кој се очекува да биде јавно претставен на саемот за авијација, вселена и технологија што се одржува во Истанбул

Како и многу други, овој „летечки автомобил“ всушност и не е вистински летечки автомобил, туку е вертикално летало за полетување и слетување со со еден патник. Потекнува од Bayker Makina и е наречен Cezeri, име инспирирано од познатиот муслимански инженер Ал Јазари, кој живеел помеѓу 1136 и 1206 година.

Технички директор на Bayker Makina е Селчук Бајрактар, зет на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а токму Бајрактар е тој кој прв сподели слики од возилото на Twitter.

Ahval News известува дека Baykar Makina е една од водечките турски одбранбени и технолошки компании со експертиза за развој и производство на разни беспилотни воздушни возила. Не се достапни детали во врска со плановите на Baykar Makina за Цезери, но се сомневаме дека има планови да го пушти возилото во производство откако ќе завршat тестирањата во реалниот живот.

Подигнувањето и спуштањето на леталото е овозможено од четири огромни пропелери кои се поставени над малиот патнички простор со едно седиште и опкружен со стакло. Нема знаци за какви било контроли за управување од страна на сопственикот/патникот, поради што веруваме дека Cezeri е дизајниран да биде целосно автономен. Доколку се пушти во употреба, најверојатно ќе се продава на приватни клиенти или ќе биде дел од возниот парк на автономни летачки возила што би можеле да се користат за јавен превоз на патници.