Со неисправно гориво, моторот може да има проблеми при стартувањето, груба работа во празен òд или губење на моќноста за време на забрзувањето

За многумина, автомобилите остануваат долго време на паркинзи или во гаражи, но што е со горивото?! И тоа има рок на траење. Стареењето во резервоарите за гориво не може да се спореди со квалитетни вина, кои со текот на времето добиваат на квалитет доколку се складирани правилно. Бензинот и дизелот не можат да останат предолго во резервоарите, односно можат, но во тој случај ќе ги изгубат својствата и кога ќе ја вклучите колата по месеци стоење може да има проблеми.

Бензинот во резервоарот треба да се потроши по најмногу два до три месеци. Во спротивно ќе стане течност што може да му наштети на вашиот мотор. Дизелот во резервоарот за гориво може да трае исто толку кратко. Во биодизелот со кој се меша дизел горивото има бактерии кои ќе почнат да делуваат со текот на времето и формираат наслаги на тиња. Можна е корозија на резервоарот за гориво или затнување на системот за дотур на гориво. Дизелот во резервоарот за гориво треба да се потроши за приближно три месеци, а најдоцна за шест месеци…

Сето ова, се разбира, се препораки бидејќи никој не знае колку гориво има во вашиот резервоар, какви се температурите, колку кислород има во резервоарот….

Како да препознаете дотраено гориво, односно што ќе се случи кога ќе влезе во моторот на вашето возило? Ќе се запали светлото на моторот, кое, се разбира, може да светне од огромен број други причини. Однесете го вашето возило на автомеханичар и тие ќе ја откријат причината за проблемот.

Моторот може да има проблеми со придвижување, палење, грубост во празен òд или губење на моќноста при забрзување. Неисправното гориво мора да се отстрани од резервоарот.