Втората генерација на моделот Mirai започна да се продава во САД, и тоа само во Калифорнија

Моделот на Toyota кој користи водородни горивни ќелии за напојување, чини 49.500 американски долари. За купувачите кои се одлучуваат за опцијата за изнајмување, основниот Mirai XLE чини 499 долари месечно.

Како дополнителен поттик, Toyota обезбедила бесплатни количини на гориво, до 15 000 американски долари по клиент, се вели во соопштението на јапонската компанија.

Оние кои ќе се одлучат за малку полуксузната варијанта ќе треба да издвојат најмалку 66.000 УСД, што е почетна цена за верзијата Мираи Лимитид или 549 УСД месечно, доколку изберат финансирање за лизинг.

Потсетуваме дека водородните горивни ќелии функционираат врз основа на мешавина на водород и кислород од воздухот, од каде што, со хемиска реакција, се добива електрична енергија за стартување на електричниот мотор. Нема издувни гасови, а единственото нешто што се испушта во околината е вода.

Втората генерација на Mirai има комплетно нов дизајн во споредба со неговиот „грд“ претходник. Моделот продаден во САД располага со 182 КС (134 kW) и максимален вртежен момент од 300 Nm. Од 0 до 96 km/h забрзува за 9,2 декунди.

Според податоците објавени од Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА), Mirai XLE може да помине околу 650 км со едно полнење на резервоарот. Полуксузната верзија на Mirai Limited има нешто помалку автономија, до 575 км.