30, ако се наредени вертикално, покажува искуството на Chevrolet

Кога американскиот бренд Chevrolet почнува да го проектира моделот Vega во 70-тите години на минатиот век, една од главните цели е да се намали вредноста на автомобилот до околу 2000 долари.

Во тоа време таксата за транспорт на товарен железнички вагон од фабриката на GM во Лордстаун, Охајо, до крајбрежјето на Тихиот океан – најдолгото растојание кое мора да го поминат произведените во оваа фабрика автомобили, е околу 4.800 долари. Бидејќи Vega е субкомпактен модел во еден железнички вагон можат да бидат натоварени 18 примероци наместо вообичаените 15 (по пет на три нивоа).

Тоа, сепак, изнесува околу 266 долари по автомобил – прилично голема за автомобил кој чини околу 2.000 долари. Затоа шефовите на Chevrolet почнуваат да размислуваат како да пренесат повеќе автомобили во железничките вагони.

Како резултат на тоа, инженерите на General Motors и Јужната Тихо-океанска железница имат на ум нешто многу интересно. Наместо да ги тоаварат автомобилите хоризонтално, тие решаваат да ги постават вертикално на специјално дизајнирана автоматска постројка наречена Vert-A-Pac. Таков вагон веќе може да прими 30 примероци од моделот Vega наместо 18. На овој начин потрошувачката за транспорт на еден автомобил паѓа од 266 на 160 долари.

Во раните години на продажба, Chevrolet Vega е исклучително популарен модел, но наскоро заработува репутација на недоверлив, автомобил кој брзо кородира, со проблеми со безбедноста и со лоши погонски аграгати.

Кога во 1977 година е запрено производството на моделот, железничките вагони Vert-A-Pac исто така остануваат без работа, бидејќи се премногу специјализирани за да може да се користат и за други модели. Вагоните се испраќаат во „пензија“, а нивните платформи се користат за други цели.