Малолитражниот Ка ќе се произведува само до крајот на годината

Продажбата на Ford Ка во Европа продолжува да опаѓа во однос на конкурентите, вклучувајќи ги тука Renault Twingo и поголемото, но поевтино Dacia Sandero. Како резултат на тоа, производството на моделот ќе биде запрено на крајот од годината.

Слабите продажни резултати не се единствената причина за такво решение. Отстранувањето на Ka од моделната гама на Ford ќе овозможи компанијата да го подобри просечниот индекс за емисии во Европа. За таа цел, американскиот производител започнува да вметнува хибридни модели во својот асортиман.

Ford официјално ја нема потврдено информацијата, но според познавачите, местото на Ka ѓе го заземе верзија на Fiesta која ќе биде помалку опремена и затоа ќе биде достапна по пониска цена.

Надградениот Ford Ka доаѓа со избор од два мотора – 1.2-литарски бензински мотор со 69 КС и 102 Nm, како и 1.3-литарски дизел кој развива 75 КС и 145 Nm. Наводно, компанијата проценила дека модернизацијата на двата мотори е премногу скапа и многу е посоодветно запирње на производството на овој модел.