Колкав е профитот по автомобил? Ferrari е апсолутен рекордер!
Извештајот покажува дека 19-те најголеми производители на автомобили во светот минатата година заработиле повеќе пари во просек по продаден автомобил
Се плаќа името, престижот… Повеќето производители на автомобили минатата година оствариле поголем профит споредбено само со година претходно, и покрај тоа што се продадени помалку возила. Ferrari се уште е шампион во автомобилската индустрија, а по него е Tesla, но бројките на американскиот бренд на електрични автомобили се далеку од италијанскиот спортски бренд. Минатата година Ferrari остварил околу 94.500 евра добивка по автомобил. Тесла е на второ место со повеќе од 6.100 евра добивка по продаден автомобил. Анализата е на порталот Motor1.com. Но не само Ferrari и Tesla поминале добро. Извештајот покажува дека 19-те најголеми производители на автомобили во светот минатата година заработиле повеќе пари во просек по продаден автомобил. Просекот кога станува збор за профитот, паднал од 1.168 евра по продаден автомобил во 2019 година на 811 евра во 2020 година, за да минатата година се зголеми на дури 1.903 евра по продаден автомобил.
Производителите се прилагодија на пандемијата и недостатокот на чипови, кои го погодија автомобилскиот сектор. Според експертите, индустријата главно се фокусирала на производство на најпрофитабилните модели како теренци и електрични возила, а притоа цените се зголемени, а попустите сведени на минимум.