
Кој модел на BMW е најпопуларен во Германија?
… a некои велат дека лимузините се сегмент кој умира
Најпродаваниот автомобил на BMW на домашниот, германски пазар во ноември бил Серија 3. За овој модел се определиле 5.331 клиенти во Германија, со што седанот е на врвот на листата на најпопуларните премиум модели од D сегментот.
На второ место според бројот на испорачани единици во гамата на BMW е Серија 1 со 3.078 испорачани единици, а на третото еден теренец – X1 со 3.047 нови регистрации.
Тројката“ забележала раст на продажбата во споредба со резултатите постигнати во ноември минатата година, а истото важи и со Серија 1, Серија 4, како и со теренските адути X1, X5 и X6. Интересно е што побарувачката за електричниот i3 исто така расте. Во текот на минатиот месец, во Германија биле продадени 1.302 примероци од овој електричен модел ЕВ, додека во ноември 2019 година биле евидентирани 546 испорачани автомобили.
Во текот на единаесетте месеци од оваа година, германскиот пазар на автомобили забележал пад на продажбата од 21,6% и резултатот се очекува да биде на приближно исто ниво на крајот од тековната година. BMW индексирал пад на продажбата од 14,9% на домашниот пазар, но некои модели покажале силен раст на побарувачката, меѓу нив Серија 1, Серија 3, како и X6 и X7.
Серија 3 во периодот јануари-ноември минатата година во Германија била продадена во 38.251 примероци, додека оваа година таа бројка достигнала до 42.379 продадени единици. „Единицата“ исто така остварла раст, но благ, бидејќи за споменатиот период во 2019 година регистрирани се 27.665 регистрации, а оваа година 28.543.
Во последните единаесет месеци од минатата годинаБМВ испорачал 1.061 единици во Германија во последните единаесет месеци од минатата година, но таа бројка во 2020 година достигнува 2.599. Моделот X7 имал многу помал раст на продажбата, забележувајќи 1.578 испорачани примероци на домашниот пазар во 2019 година, и 1.623 во 2020 година.