Автомобилската опсерваторија Кетелем (СЕМ) спровела истражување во Европа во врска со преминот кон електрифицирани модели

Малку е изненадувачки што скоро половина од испитаниците изразиле желба да започнат да користат некое од возилата кое припаѓа на хибридниот или EV сегментот

СЕМ предвидува дека резултатите на крајот од 2020 година ќе бидат многу полоши низ цела Европа со пад на продажбата од 29%, додека глобалниот дефицит ќе биде 17%. Експертите сметаат дека следната година ќе донесе подобрување на Стариот континент со раст од околу 16%, но дека нема да се вратиме на нивото пред кризата до 2023 година.

На прашањето за идниот избор во врска со набавката на автомобил, 29% од испитаниците би избрале хибрид за нивниот нов четири тркала, додека 17% од испитаниците би одбрале електричен модел. Што се однесува до традиционалните горива, 23% се определија за бензин и само 15% за дизелот.

Дури 73% од оние кои учествувале во ова истражување сметаат дека електричните автомобили се возила на иднината, но изразиле страв и за сè уште несоодветната инфраструктура за полнење. 

Мнозинството од оние кои учествувале во истражувањето, 73% од нив, на возилото гледаат како на еден вид штит против надворешниот свет кога се во него, додека огромното мнозинство – дури 90%, истакнуваат дека автомобилот дава неспоредливо чувство на слобода на движење.