Зад воланот на германскиот автомобил е светскиот шампион во Formula 1 Нико Розберг

Веќе сме навикнати електричниот Tesla Model S буквално да ги уништува најдобрите суперавтомобили во трки на забрзување. Сега на ред е помладиот Mоdel 3 за да ги покаже своите способности.

Неговиот ривал во оваа битка е доста сериозен – рекордерот од Нирбургринг Porsche 911 GT2 RS. Оваа „ракета“ со 700 КС е најбрзото Porsche 911 во историјата. Забрзувањето до 100 km/h трае околу 3,3 секунди.

Tesla Model 3 во својата врвна изведба AWD Performance, до 100 km/h забрзува малку побавно – за 3,4 секунди. Но, електричниот автомобил на Тесла не е толку моќен како неговиот ривал: неговите два мотори имаат вкупно 473 коњски сили.

Loading...