Легендата на автомобилизмот, поранешниот заштитен знак на Top Gear и Fifth Gear, ги тестира сите генерации на BMW M5

Во текот на 36 години, колку што има од појавата на првиот М примерок, BMW се издигна до неочекувани размери, а сето тоа проследено со зголемување на моќта, луксузот и цената. Но, за тоа кој М5 е најдобар, суди Тиф Нидел.

Приказната започнува со E28. Првиот М има 3.5-литарски 6-цилиндерски мотор изваден од М1, кој и денес овозможува посебно чувство за воланот. Тој е лесен, наполнет со електрика и кожа, па така и ден денес сè уште добро се држи. Моќноста надминува 300 КС, а под капакот се уште се 6-цилиндри.

Во 1998 година доаѓа E39 M5 со голем V8 мотор и 400 КС. И да, сè уште во понудата е мануелен пренос. E60 M5 добива уште два цилиндри, но и SMG менувач кој на тест возачите и не им се допаѓа премногу. Конечно се доаѓа до верзиите F10 и F90 со twin-turbo V8 мотори и над 600 КС. Сега со автоматскиот менувач.

Едно е сигурно, секој М5 е посебен на свој начин. Кој е Вашиот избор?