Сопствениците на овој тип на возила, а особено оние кои претходно не управувале теренец, мора да бидат многу внимателни при изборот на вистинските гуми, предупредуваат експертите од Goodyear

На прв погле, наменски развиените гуми со ознака SUV се многу слични на гумите за конвенционалните патнички автомобили, но сепак се разликуваат по една важна карактеристика – тие имаат поголем капацитет на оптоварување.

SUV возилата, во споредба со класичните патнички автомобили, имаат повисоко тежиште и поголема маса, а со тоа имаат и поцврсти амортизери. Затоа, возачите треба да бидат уште повнимателни со изборот на гуми, кои мора да бидат прилагодени за поголемо оптоварување.

За разлика од стандардните гуми, SUV гумите имаат поцврста конструкција и имаат посебно прилагодена гумено смеса и облик на шарите на газниот слој.

За вашето спортско теренско возило, секогаш изберете гуми со SUV ознака и внимавајте на точните димензии и индексот на брзина, а внимавајте и на носивоста, во склад со хомологацијата, советуваат експертите.

При изборот, не ја занемарувајте улогата на квалитетот на гумите. На крајот на краиштата, тие се единствената точка на допир на возилото со подлогата и важен фактор за безбедноста во сообраќајот. Токму затоа се препорачуваат гуми со највисок квалитет.

Внимателно со зимските гуми

Зимските услови со ниски температури и често лизгави, понекогаш снежни или заледени површини, бараат уште поголемо внимание при изборот на вистинските гуми.

Важно е никогаш да не користите летни гуми или полутеренски гуми за вашиот SUV, бидејќи тие не ги поседуваат клучните карактеристики на зимските гуми и покрај нивниот груб профил.

Зимските гуми се карактеризираат со помека гумена мешавина која на мраз подобро се „лепи“ на подлогата, како и дополнителни ламели во блоковите на газната површина, што обезбедува подобар и посигурен контакт со површината на патот.