Британскиот WhatCar спровел големо тестирање и истражување на автомобилите и нивната потрошувачка, односно дали има разлика од официјалните фабрички податоци

Новиот WLTP тест кој е актуелен од 2019 година е многу поблиску до вистината отколку претходно користениот NEDC. Автомобилите тестирани од британската страница имале просечно 6,3 проценти полоши резултати отколку во официјалниот тест што Европската унија им го наметнува на сите автомобили за да ја одредат нивната потрошувачка. За споредба, разликата кај постариот циклус на NEDC е дури 20,2 проценти во претходните тестови на WhatCar. Така, сега дефинитивно може повеќе да се потпрете на податоците за потрошувачка од производителите.

Како и другите тестови, тестот на WhatCar бил спроведен во лабораториски услови, но врз основа на вистинската траекторија низ градовите, селата и автопатите, односно тој е уште пореален и поблизок до реалните услови отколку тестот WLTP.

Зачудувачки е што некои автомобилите во студијата успеале да постигнат уште поекономичен резултат од официјалните податоци.

Најдобрите пет резултати:

  1. Honda Civic Type R

Многу импресивно е петтото место на Honda Civic Type R. Спортскиот автомобил со моќност од 320 КС се покажал за 9,2 проценти поефикасен отколку што покажал WLTP, нешто што не би го очекувале од таков моќен модел.

  1. Dacia Duster

Веднаш пред Civic се наоѓа Dacia Duster со бензински мотор со 130 КС. Dacia е веќе позната по соодносот вложена вредност – квалитет, а економичноста на 1.3-литарскиот мотор додава дополнителен плус. Автомобилот троши 10,1 проценти помалку отколку што е наведено.

  1. Volkswagen Up!

Мал, лесен градски автомобил кој има 10,5 проценти подобар резултат отколку на официјалните тестови. Up! е најекономичниот модел на оваа листа.

  1. Honda CR-V (Hybrid)

На второто место на оваа листа, повторно Honda и тоа со хибридното издание на својот теренец CR-V. Бензинскиот мотор не е помогнат од електричен мотор, како што обично се случува. Бензинскиот мотор го снабдува електричниот мотор со енергија, така што работи како еден вид генератор. Бензинскиот мотор затоа може да работи под оптимално оптоварување, што значи дека троши помалку. CR-V во пракса се покажал за 12,3 проценти поекономичен отколку на тестовите на производителот.

  1. Ford Ranger Pickup

Тестовите покажуваат дека не е најекономичен, според структурата и моќниот дизел мотор и не може да биде, но според тестот на WhatCar, во пракса постигнува дури 18,6 проценти подобри резултати отколку на официјалните тестови.

Пет модели кои загадуваат повеќе во реални услови

  1. Audi A3 (седан)

Audi A3 имал 16 проценти полош резултат отколку што велат официјалните податоци од производителот доколку се одлучите за 35 TFSI.

  1. Renault Clio

Повпечатливо е дека на листата има и хибриди. Така, на четвртото место е францускиот Renault Clio, кој троши 19,6 проценти повеќе од oficijalno наведената потрошувачка по WLTP.

  1. Ford Fiesta

На третото место е Ford Fiesta со 1.0-литарски бензински мотор и 155КС. Како и А3, така и овој Форд има прилично моќен мотор. Ова може да доведе до поголема потрошувачка при користење моторот со таква зафатнина на отворени патишта.

  1. Suzuki Swace

Уште еден хибрид кој на тестот на WhatCar? Имал за 21,6 проценти полош резултат од WLTP тестот на производителот.

  1. BMW 420d

Најголемиот губитник на тестот е BMW 420d. Според тестот на WhatCar, разликата во потрошувачката е дури 26,4 проценти повеќе отколку што е наведено.