Кои автомобили се „проблем“ за домашниот буџет?
При купување на автомобил, секој просечен човек, освен на некои специфични функционални и естетски елементи, посебно внимание посветува и на трошоците за одржување на возилото
Нормално, секој од нас сака да има посигурен, помоќен, поубав автомобил, но без преголем „удар“ по домашниот буџет. Се разбира, има и такви на кои воопшто не ги засега ова.
Со статистичка анализа е утврдено дека најсигурни и најповолни се автомобилите на Kia, Hjundai, Mazda, Honda, Toyota и Nissan, за кои просечните трошоци за поправка / одржување се движат од 428 до 589 долари на годишно ниво.
И додека азиските автомобилите се пријателски наклонети кон домашниот буџет, европските луксузни брендови се нешто сосема спротивно.
Во анализата не се вклучени производителите на егзотични автомобили со ограничено производство како Ferrari или Aston Martin, па затоа најскапиот автомобил кој можете да го поседувате е Porsche Cayman.
Просечната цена за одржување на Cayman е 2.370 долари, одржувањето на Mercedes-Benz GLS63 AMG во просек чини 2.009 долари, а веднаш зад него е MB S63 AMG со 1.843 долари.
За Porsche Cayenne е потребна сума od 1.200 долари, за Mercedes C300 (1.094 долари), додека на пример, за VW Golf GTI е потребно 760 долари за 12 месеци.