![Кога се има ангел чувар! Грозоморен удар на Lotus во бандера без последици по возачот и совозачот / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/02/o_23517461_1280.jpg)
Кога се има ангел чувар! Грозоморен удар на Lotus во бандера без последици по возачот и совозачот / ВИДЕО
Глетката како седат во руина додека еден од нив го проверува телефонот додека чека помош изгледа надреално
Неверојатната снимка доаѓа од Хонг Конг, а прикажува двајца мажи како се возат во спортски двосед Lotus Exige на отворено, кој во еден момент се занесува, веројатно поради влажниот коловоз и губи контакт со земјата. Еден момент подоцна автомобилот завршува забиен во столб на улично светло покрај автопатот и се распаѓа на илјада парчиња, додека возачот и совозачот остануваат да седат во пилотската кабина.
TheSunDaily пренесува дека 42-годишниот возач и неговиот 28-годишен совозач се пожалиле на болки во градите и вратот, но освен тоа поминале без сериозни последици. Со оглед на ударот и последиците од него, навистина поминале добро.
Глетката како седат во руина додека еден од нив го проверува телефонот додека чека помош изгледа надреално.
Во секој случај, иако ударот бил навистина силен, може слободно да се каже дека до сериозни последици за патниците не дошло поради конструкцијата на спортскиот Lotus со цврст алуминиумски монокок бидејќи автомобилот во основа се преполовил по ударот во столбот …