„Љубезно ги замолив да си одат бидејќи ми го блокираа пристапот до куќата, но возачот ме удри двапати и ми ја раскрвави усната“…

Голем инцидент се случил на фарма во Дурам, Англија, во јуни минатата година. На приодот од куќата на Роберт Хупер (57), пијани млади момчиња ја паркирале својата Corsa. По неколку минути расправија, ситуацијата ескалирала. Кога младите луѓе одбиле да го преместат својот автомобил, Хупер решил да го премести на свој начин!

Целата приказна завршила на суд, а лутиот фармер својот потег го оправдал на следниот начин.

„Љубезно ги замолив да си заминат бидејќи ми го блокираа пристапот до куќата, но возачот ме удри двапати и ми ја раскрвави усната. Така реагирав затоа што го бранев својот дом“.

Судијата ги прифати аргументите и го ослободил Хупер од сите обвиненија. 

„Роберт е пристоен човек кој никогаш не бил казнет. Неговата постапка била целосно ирационална, но секој има право да го брани својот дом“.

Сопственикот на оштетениот автомобил, Чарли Брнс (21), на тој начин бил одбиен за тужбата, па останал без својата Corsa и отштета.