Кога наместо на сопирачка ќе се стисне на педалата за гас… / ВИДЕО
Во болница се пренесени три лица, возачот и двајца сопатници, за среќа без посериозни повреди
Проблемите со автопилотот на Tesla не се реткост. По бројните бизарни случаи, минатата среда во Сан Диего се случил нов инцидент. Tesla Model 3 слетал од паркинг на амбулантно возило! Но, за разлика од претходните несреќи, овојпат не е виновен автопилотот, туку возачот кој наместо на сопирачката стиснал на педалата за гас. Значи, ова е исклучиво човечка грешка.
За среќа во моментот на несреќата немало никој во амбулантното возило.
Happening now in Kearny Mesa – two people taken to a local hospital from this crash. SDFD crews working on vehicle stabilization. #greencraigcrash pic.twitter.com/oV4hPe2ibi
— SDFD (@SDFD) March 30, 2022
Во болница се пренесени три лица, возачот и двајца сопатници, за среќа без посериозни повреди. Но доколку амбулантното возило не било таму каде што било, за да го ублажи ударот, несреќата можела да заврши и трагично.