Mercedes ги покажа способностите на G-Class и Unimog

На специјален настан во Грац (Австрија), Mercedes ги покажа можностите на два свои легендарни модели – G-Class и Unimog. Машините минале низ специјалниот полигон за тестирање G-Class Experience Centre.

Mercedes G-Class е модел кој најдолго се одржал во производство. Оригиналниот SUV со името Geländewagen е лансиран во 1979 година, а 80% од примероците што сеуште функционираат беспрекорно, што секако е доказ за квалитет.

Од друга страна, Unimog дури 15 пати ја има добиено наградата „Теренец на годината“ од списанието Off Road. Овој модел е развиен уште во 1946 година, и уште тогаш се потпира на некои од најнапредните технологии за своето време. Тековната верзија на моделот е всушност теренски камион.

Погледенте го видеото!