Клучни делови за автомобили: Кога е време за замена на моторното масло, филтрите, ременот…
Кога треба да се сервисираат / заменат течностите и деловите во автомобилот?
Интервалите варираат од модел до модел или од производител до производител, иако до некаде може и да генерализираме
Моторното масло треба да се менува помеѓу 10 000 и 30 000 километри, а сето тоа зависи од препораките на производителот – следете ги. Филтерот за масло се менува заедно со маслото. Филтерот за воздух променете го на секои 15.000 километри, филтерот за гориво помеѓу 40.000 и 80.000 километри за бензинци и помеѓу 30.000 и 60.000 километри за дизел мотори.
Амортизерите треба да се прегледуваат на секои 20.000 километри, а на технички преглед ќе бидете известени за нивното абење. Сопирачките треба да се прегледуваат најмалку еднаш годишно.
Ребрастиот ремен се менува помеѓу 60.000 до 90.000 милји или на секои пет години.
Катализаторите престануваат да бидат ефикасни по околу 80.000 изминати километри.
Течноста за ладење трае некаде до 160.000 километри.
Како и да е, секогаш треба добро е да се следат препораките на производителот, бидејќи само тие прецизно ги дефинираат промените.