За 215 евра ќе им биде овозможен и тура низ фабриката во Дрезден и попуст од 10% на сувенири и пијалоци

Германскиот производител на автомобили Volkswagen најави старт на нова услуга за своите клиенти, кои ќе нарачаат електричен е-Golf, што може да се протолкува и како собирање на дополнителни средства во контекст на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Секој што сака може да ја посети фабриката во Дрезден и за 215 евра да учествува во склопувањето на автомобилот што го нарачал.

Пристапот до територијата на фабриката ќе се одвива под строг надзор на вработените. Група од четири посетители ќе можат да учествуваат во пет фази на монтажата. Тие ќе можат да учествуваат во монтажата на елементите од предниот дела на автомобилот, па дури и да учествуваат во склопувањето на некои делови од погонот и каросеријата.

Сите пет фази од работата ќе траат 2,5 часа. Покрај директното учество, во цената на услугата е вклучена и тура со водич низ целата фабрика и изложбениот дел, како и десет проценти попуст за сите сувенири на марката и пијалоците во ресторанскиот дел.

2020 година е последната година за Volkswagen e-Golf. Следната година ќе биде заменет со електричниот хечбек ID.3, кој е изграден на новата модуларна платформа MEB.