Кинеската група BAIC ја започнала постапката со која треба да стане најголемиот косопственик на германскиот гигант Daimler

Според Reuters, BAIC планира да го удвои уделот на косопственоста на околу 10 проценти со купување акции на отворениот пазар. Така, BAIC би добил место во управниот одбор на гигантот од Штутгарт, со што би го „претекнала“ ривалскиот Geely кој е сопственик на 9,96% акции од Daimler. BAIC кој е во сопственост на кинеската влада, во моментов е трет по големина косопственик на Daimler.

Покрај тоа, BAIC ќе добие и место во Надзорниот одбор на компанијата, место кое Geely во моментов не го поседува. Настојувањата на BAIC да биде поголем акционер во Daimler од Geely доаѓаат и од целта да биде најважниот соработник на германска компанија во Кина.

Од Daimler тврдат дека не биле известени за зголемувањето на бројот на акции на BAIC, но посочуваат дека „ги поздравуваат долгорочните инвестиции од Кина“.