Ова е се почеста практика поради страв дека камерите на Tesla можат да претставуваат безбедносен проблем односно средство за шпионирање

Стравот од шпионажа ги навело кинеските власти да го забранат појавувањето и трговијата со моделите на Tesla во крајбрежната област Беидаихе, популарно одморалиште во провинцијата Хебеј, на кинескиот брег на Бохајското Море.

„Забраната ќе трае најмалку два месеци почнувајќи од 1 јули“, вели претставник на локалната сообраќајна полиција, а пренесува Reuters.

Службеникот не ја навел официјалната причина за одлуката за забрана на американските возила, но вели дека тоа се „национални прашања“. Имено, оваа година Беидаихе е местото на одржување тајното годишно летно собрание на раководството на Комунистичката партија на Кина.

Одлуката на владата доаѓа само неколку недели откако на моделите на Tesla, исто така, им било забрането да возат по некои патишта во Ченгду на почетокот на јуни, што се совпаднало со посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг на градот.

Потсетување дека и минатата година, на Tesla моделите им беше забранет влез во кинеските воени комплекси поради страв дека камерите поставени на нив може да претставуваат безбедносен проблем.

Дека приказната со Беидаихе е слично, излегло на виделина на социјалните мрежи откако била дистрибуирана снимка како возилата на Тesla полицијата ги пренасочува од одредени области, пред објавувањето на забраната.

Кинеската влада не ги објавува датумите на состаноците на Партијата во Беидаихе. Тие се одржуваат зад затворени врати, каде што високи владини функционери разговараат за кадровски движења и политички прашања и обично се одржуваат во летните месеци.

Да потсетиме, по забраната за влез во воени комплекси, извршниот директор на компанијата, Илон Маск изјави дека моделите на Tesla никогаш не биле користени за шпионирање во Кина или на било кое друго место.

Набргу потоа, од компанијата стигна порака дека сите податоци генерирани од автомобилите што се продаваат во Кина ќе бидат складирани во земјата.

Сега се чини дека зголемената контрола врз Tesla и непријатностите што тоа им ги носи на сопствениците може да почнат да ја загрижуваат Tesla, што не би било добро за нив, бидејќи Кина е еден од најголемите пазари на компанијата и голем дел од вкупното производство се одвива во таа земја.