Се очекува до крајот на 2023 година да добиеме барем еден европски електричен автомобил со нови батерии

Веќе е факт дека Кина има огромна предност во истражувањето и производството на батерии за електрични возила, па сосема е логично сите клучни вести за оваа технологија доаѓаат од најнаселената земја во светот. Една од нив е дека производителот на батерии CATL објави дека новиот електричен автомобил Zeekr 001 (Geely group) ќе биде опремен со Qilin батерија која ќе му овозможи автономија до 1.000 километри. Автомобилот на пазарот треба да се појави следната година.

Логично прашање кое се поставува е како CATL стигнал до такво зголемување на опсегот со едно полнење? Пред се, тоа е гигант кој држи 35 отсто од пазарот на батерии во светот и може да си дозволи опсежни истражувања. Производителот тврди дека постигнал енергетска густина од 255 Wh/kg, што би требало да биде за 13% подобро од новите ќелии кои Panasonic и ги доставува на Tesla. Покрај заштедата на простор со поголема густина на енергија, променет е и системот за ладење кој овозможува полнење од 10 до 80% за само 10 минути.

Zeekr е најновиот премиум бренд на кинеската групација Geely. Се заснова на модуларната платформа SEA на Geely – ова е архитектурата која ја користат Volvo, Polestar и Smart (кои се во сопственост на Geely и Mercedes). Сите овие брендови се очекува наскоро да ги добијат новите батерии на CATL.

CATL е снабдувач и за други брендови во Европа, па се очекува до крајот на 2023 година да добиеме барем еден европски електричен автомобил со овие нови батерии.