Кими Раиконен во Alfa Romeo Sauber
Alfa Romeo Sauber F1 објави дека во 2019 година кон тимот ќе се приклучи Кими Раиконен. F1 шампионот од 2007 година потпишал договор на две години
Раиконен во досегашниот дел од својата F1 кариера има 20 победи и 100 искачувања на подиумот, што го поставува во групата на најценетите возачи во историјата на овој спорт. Alfa Romeo Sauber F1 тимот со нетрпение го очекува доаѓањето на финскиот возач, со кој тимот има заедничка цел, а тоа се амбициозни резултати.
„Потпишувањето на договорот со Кими Раиконен е важен дел од нашиот проект, и не носи поблиску до нашата цел – постигнување на значителен напредок на нашиот тим во блиска иднина. Неоспорниот талент на Кими и огромното искуство во Formula 1 не само што ќе придонат за развојот на нашиот автомобил, туку и ќе го забрзаат растот и развојот на нашиот тим во целост. Заедно ќе ја започнеме сезоната 2019 на силни темели, решени да се бориме за значајни резултати “, вели Фредерик Васер, генералниот директор на Sauber Motorsport и тимски шеф на Alfa Romeo Sauber F1.
Alfa Romeo Sauber F1 воедно испраќа честитки до Чарлс Леклерк за приклучувањето кон тимот на Ferrari во сезоната 2019. За време на неговата прва сезона во овој спорт, 20-годишниот возач од Монако на вистински начин ги покажа своите таленти, така што оваа одлука не е изненадување.
„Ни беше големо задоволство што бевме спортска подршка на Леклерк време во неговата прва година во Formula 1. Од своето пристигнување, на тимот му даде голема мотивација, и многу задоволство. Постојано се подобрувавме и ќе работиме напорно до крајот на оваа сезона, со цел да ги постигнеме најдобри можни резултати заедно. Добро го знаеме талентот на Чарлс и ние сме сигурни дека тој ќе има светла иднина. Ние ќе продолжиме да го следиме со големо внимание и му посакуваме се најдобро“, додава Фредерик Васер.