Јапонскиот Nissan ја прекина продажбата на своите два компактни модели во Европа и Русија

Поради големата промена на Focusот на европските клиенти кон SUV сегментот, Nissan од Стариот континент ги повлече хечбекот Pulsar и седанот Almera. Така, единствениот преостанат Nissan компактен модел во Европа, a кој не е во SUV сегментот, останува електричниот Leaf.

Nissan го лансираше моделот Pulsar во 2014 година како конкурент на Volkswagen Golf и Ford Focus, но и за да ја пополни празнината во својата понуда во Европа по завршувањето на производството на Almera во 2006 година.

Плановите на јапонскиот производител беа продажба на 64.000 единици годишно во Европа, но минатата година успеал да продаде само 25.000 парчиња од моделот кој се произведува во погонот на компанијата во Барселона.

Almera беше седан дизајниран исклучиво за рускиот пазар од неговото лансирање во 2013 година, а во еден период беше и најпродаван во најголемата европска земја со врв во 2014 година и 46.000 продадени единици.

Сепак, оваа година Almera е надвор од листата на 25 најпродавани модели во Русија. Најпродаваниот модел на Nissan во август е SUV моделот X-Trail со 14.103 единици, нешто повеќе од помалиот Qashqai.

Nissan очекува дека бројот на продадени возила по повлекувањето на Almera ќе го компензира токму во SUV сегментот, со оглед дека оваа година 40% од рускиот пазар на автомобили отпаѓа токму на овој сегмент.

Almera се изработуваше во фабриката на AvtoVAZ во Тољати во сопственост на Renault, заедно со моделите на францускиот производител и домашната Lada.