По хеџбекот, Sportswagon и aтрактивната Shooting Brake верзијата, пристигнува и новиот член на семејството Kiа Ceed – кросовер моделот XCeed

Дизајниран исклучиво за европскиот пазар, новиот CUV во гамата на Kia е поставен над Stonic, но под Sportage. XCeed нема да биде достапен со погон на сите тркала, што не треба да биде проблем, бидејќи AWD системот повеќе е баран кај поголемите SUV / кросовер модели.

Попрецизно описот би бил урбан кросовер или модифицирана верзија на Kia Ceed со поробусна каросерија. Ако се тргнат на страна дизајнерските разлики, оне позначајните се се однесуваат на габаритот (XCeed е 85 милиметри подолг, 43 милиметри повисок и 26 милиметри поширок). Изборот на фелни е 16 или 18, а бојата на промо моделот позната како Quantum Yellow (квантна жолта), е достапна исклучиво за XCeed.

Иако нема интегрален погон, XCeed сигурно е компетентен на терени кои бараат нешто повеќе од автомобилот, бидејќи неговиот клиренс е зголемен за 42 милиметри во споредба со стандардниот Ceed, иако тоа исто така зависи и од големината на тркалата. Од Kia објаснуваат дека инженерите го ревидирале и распонот на работа на пружините односно напред ги „омекнале“ за 7 проценти, а назад за 4 проценти заради подобра удобност. Исто така, намалена е пенетрацијата на несакани звуци и вибрации во салонскиот простор.

Поголемата практичност споредбено со стандардниот Ceed се гледа и во,корисниот волумен на гепекот кој е 426 литри или 31 литар повеќе од хеџбекот. Кога ќе се спуштат задните седишта (сооднос 40:20:40), корисниот волумен се зголемува на 1.378 литри. За дополнителна практичност се задолжени двојниот под на багажниот дел и електрично управуваната задна врата. 

Ентериоерот сосема очекувано во голема мера е пренесен од стандардниот Ceed, со опционален 12,3 инчен дигитален екран.

Погонската група и исто така без изненадувања Kia XCeed 2020 ќе биде достапен со истите 1.0-литарски и 1.4-литарски турбо мотори, присутни во остатокот од семејството, заедно со 1.6-литарската единица од Ceed GT и Proceed GT. Три-цилиндерскиот мотор испорачува 120 КС и 172 Nm, 1.4-литарскиот со четири цилиндри 140 КС и 242 Nm, а најмоќниот 204 КС и 265 Nm.

Што се однесува до дизелот, тој се нарекува Smartstream. Станува збор за единица со 1,6-литарски капацитет, која ќе биде достапна со 115 коњи и 280 Nm кога е поврзана со рачен менувач, или 115 КС и 300 Nm кога е поврзана со DCT менувач. Помоќната дизел верзија испорачува 136 КС и 280 Nm или 320 Nm, во зависност од преносот.

Сите мотори се достапни или со шест-брзински мануелен менувач или со седум-брзински автоматик со двојна спојка, со исклучок на влезната верзија, која доаѓа исклучиво со мануелен менувач.

На почетокот од следната година, Kia ќе додаде и таканаречен благ хибрид како и plug-in хибрид во производната линија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1aV2NZN5s2A7GiY54vsmox1A_Ka6VYDRf” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на XCeed во Европа ќе стартува во третиот квартал од оваа година.