Stonic веќе пројде низ рестилизација оваа година, а сега добива и ново издание кое ќе биде врв во понудата за моделот.

Значи, GT Line во суштина е пакет со опрема, така што никакви механички промени во автомобилот нема. Станува збор за атрактивен комплет кој Stonic гоо прави далеку попривлечен од стандардното издание.

На предниот дел од автомобилот има нова, поинаква решетка на ладилникот со подобрена завршна обработка, различен браник со интегрирани LED светла за магла, отвори за воздух. GT Line моделите се опремени стандардно со нови целосни LED светла. Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер. Каросеријата е комбинација од две бои (15 комбинации на бои), а тркалата се 17 инчни.

Надградбите во внатрешноста на Stonic GT Line прават моделот да се разликува од останатите изведби. Најочигледна модификација е облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата, завршница уникатна за GT Line моделите.

Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело. Тука се и новиот мултифункционален волан обложен со перфорирана кожа и рамно дно, новиот 4,2-инчен дигитален дисплеј поставен на инструмент таблата, као и големиот 8-инчен екран од инфо-забавниот систем. Новиот инфо-забавен систем се нуди со избор на Display Audio или опционалната Satellite Navigation технологија во зависност од спецификацијата на возилото. Системот овозможува поврзување на два мобилни уреди истовремено. Голема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.

Kia Stonic GT Line користи блага хибридна технологија од 48V која и помага на главната погонска единица. Станува збор за 3-цилиндерски турбо мотор кој доаѓа во две конфигурации со 100 или 120 КС. Во понудата е мануелен 6-степен менувач или 7-степен автоматски менувач. Преносот на моќ и во двата случаи е исклучиво на предните тркала.

„Stonic е голем успех за Kia во Европа уште од почетокот на продажбата во 2017 година. Во 2019 година, тој стана наш четврти најпродаван модел во Европа. Stonic е посакуван од помладата генерација, а новата GT Line изведба ги има најдобрите карактеристики, нудејќи дизајн инспириран од најмоќните автомобили во нашата постава. Очекуваме GT Line верзијата дополнително да ја подобри продажбата на Stonic“, вели Емилио Херера, главен оперативен директор на Kia Motors Europe.

Производството на Stonic GT Line започнува во октомври, а Европската продажба започнува во текот на последниот квартал од 2020 година.