Автомобилската групација Hyundai-Kia неодамна објави дека прва во светот развила „паметен“ менувач (ICT Connected Shift System), кој преку предвидувања на инфо-комуникациона технологија автоматски префрлува во оптимална брзина со оглед на состојбата во сообраќајот.

Kia и Hyundai имаат намера оваа нова технологија да ја користат во своите идни модели. За време на процесот на развој на системот биле поднесени околу 40 апликации за патенти

Додека технологиите што се користат во автоматските менувачи (како што е режимот „Smart Drive“, кој е достапен кај повеќето модели на Kia) зависат од преференциите на возачот, паметниот менувач е првиот систем што автоматски ги менува брзините во зависност од ситуацијата на патот и во сообраќајот.

„Паметниот“ менувач користи интелигентен софтвер на управувачката единица (TCU) софтвер, кој собира и обработува информации во реално време. Податоците се добиваат со помош на следниве технологии: 3Д навигација со прецизни патни мапи и поставени радари за мерење на брзината и радарски темпомат. 3Д-навигацијата содржи информации за надморска висина, наклон, искривување, бројни други елементи и тековни состојби во сообраќајот. Радарот во возилото ја детектира брзината на возилото и растојанието до возилото напред и со други возила, додека камерата напред овозможува информации од патот.

Користејќи ги сите тие податоци, TCU со помош на  алгоритам на вештачката интелигенција го предвидува оптималниот сооднос на пренос во реално време и соодветно префрлува во оптималната брзина. На пример, кога е предвидено подолго поспоро спуштање по надолнина, а радарот не детектира какви било неправилности со возилото и патот напред, менувачот поради намалување на потрошувачката на гориво се префрла на т.н. „лер” мод (неутрален).

На тестирањата со паметен менувач на многу кривулести патишта, бројот на менувања на преносот е намален за 43 проценти во однос на возилата без овој систем. Системот исто така го намалува бројот на сопирања за 11 проценти, намалувајќи го заморот на возачот и абењето на сопирачките.

Во случај на нагло забрзување, како во случај на приклучување на автопат, системот автоматски се префрла на Sport Mode, а откако ќе се вклучи во сообраќајот, возилото автоматски се враќа во првобитниот режим на возење, обезбедувајќи побезбедно и поефикасно возење.

Покрај тоа, моторот автоматски сопира кога ќе се тргне стапалото од педалата за гас, кога системот ќе препознае т.н. „лежечки“ полицајци, надолнини и сообраќајници со изменети ограничувања на брзината. Промените во оддалеченоста од возилото напред се препознаваат од предниот радар, кој автоматски ја прилагодува брзината, што го унапредува возачкото искуство.

Системот е исто така усогласен со технологијата за автономно возење, која постојано се развива. 

Kia е со намера да го унапреди „паметниот“ менувач со уште поинтелигентна технологија, која ќе комуницира со семафорите, а ќе се базира на LTE или 5G технологиите и ќе ги препознава намерите на возачот.