Семејството Kia Ceed сега е побогато за Ceed Sportswagon PHEV и XCeed PHEV

Караванот Ceed Sportswagon и крос моделот XCeed наскоро ќе бидат достапни и во plug-in хибридна варијанта. И двете возила користат комбинација на бензински мотор и електричен погон, со комбинирана моќност од 139 КС, додека максималниот вртежен момент на хибридниот систем е 265 Nm.

Караванската верзија од 0-100 km/h забрзува за 10,8 секунди, а XCeed за 11 секунди.

Погонот е инаку базиран на 4-цилиндерски 1.6 бензинец, а моќноста до  тркалата се пренесува преку 6-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Електричниот мотор има 44,5 kW и се напојува од батеријата со капацитет од 8,9 kWh. Како што е наведено, максималната автономија при електричното возење е 60 километри, за двата модели, што е доволно за просечната дневна градска рута на повеќето возачи.

Поради инсталацијата на погонскиот батериски систем, капацитетот на багажниот простор е намален од 600 на 437 литри, а од 426 на 291 литар кај XCeed.

Од Kia објавија дека Ceed Sportswagon PHEV и XCeed PHEV на европскиот пазар ќе пристигнат во почетокот од 2020 година. Цените засега се непознати.

Loading...