Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“
На почетокот на оваа година Kia Motors Corporation го откри своето ново корпоративно лого и глобален слоган на брендот што означуваат смела трансформација на производителот на автомобили и потполно нова намена. Воведувањето на новото лого ги претставува амбициите на Kia да достигне лидерска позиција во идната индустрија за мобилност со обновување на скоро сите аспекти на нејзиниот бизнис
Денес оваа промена е започната и во нашата земја. Следејќи го новото мото на брендот – „Движење кое инспирира“, многу работи ќе се променат во следниот период во Kia во нашата земја. По 15 години постоење на пазарот, компанијата се збогува со старото брендирање и им дава нов изглед на своите простории.
Дизајнот на новото лого на Kia се базира на три концепти – „симетрија“, „ритам“ и „издигнување“. „Симетријата“ на логото ја одразува конвергенцијата на потребите за мобилност на клиентите со одговорноста за животната средина. „Ритамот“ го отелотворува духот на Kia кој се движи во согласност со желбите на клиентите, а концептот на „Издигнување“ на новото лого, со единствена поврзана линија, ја симболизира посветеноста на Kia да донесе моменти на инспирација на клиентите.
Покрај логото се менуваат и боите и дизајните на брендот. „Обединети спротивности“ филозофијата на дизајнот ќе биде имплементирана на сите идни возила. Овој дизајн се заснова на пет клучни столбови на дизајнот: Храброст за природа, Задоволство со причина, Моќ за напредок, Технологија за живот и Тензија за спокој.
Храброст за природа – се заснова на интеракција со природата. Деталите се превземени од облиците и пропорциите што се наоѓаат во природниот и во човечкиот свет. Овој столб за дизајн создава органски, но сепак технички структури. Дизајнот се карактеризира со комбинација на јасни и едноставни линии со храбри површини кои постојано се менуваат.
Задоволство со причина – се фокусира на чувството во амбиентот на идните возила на Kia. Идните дизајни ќе го спојат емотивното со рационалното, создавајќи возила што влијаат на расположението на патниците. Исто така, ќе влијае и на усвојување на нови органски материјали и посмели бои, изразувајќи чувство на младост и разиграност.
Моќ за напредок – се надоврзува на моменталните јаки страни на дизајнот на брендот. Со помош на собраните информации во текот на неодамнешната ера на Kia, дизајните и распоредот на идните производи на марката ќе продолжи да се развива. Идните дизајни ќе имаат поголем простор заа иновативност, но ќе се потпираат на искуството од минатото.
Технологија за живот – прифаќа нови технологии и иновации за да поттикне позитивни интеракции помеѓу луѓето и машините. Идните возила на марката ќе се базираат на досегашното искуство, кое преку усовршениот UX дизајн како во осветлувањето, поврзаноста во автомобилот и други работи ќе им помогне на клиентите да се вклучат во своите автомобили.
Тензија за спокој – предизвикува тензија помеѓу спротивставените сили и креативните контрасти и ја препознава рамнотежата на дизајнот што доаѓа од две спротивставени сили. Нуди впечатливи концепти за дизајн кои користат остри, високо технички детали ориентирани кон идната визија за дизајн.
Во Kia, веруваме дека движењето инспирира идеи. Новиот изглед на Kia, направен е да ја подигне свесноста за брендот и ги надмине очекувањата на нашите клиенти. Целта е да се привлече вниманието на постојано растечката публика, збогатувајќи ја понудата во следните неколку години.
Промената во идентитетот на Kia во нашата земја ќе се претвори во еволуција на пристапот на Kia кон пазарот.