Додека Ford работи на електричен кросовер инспириран од познатиот Mustang, британската старт-компанија Charge направила EV верзија на стандардната американска Muscle Car икона

Достапен како купе или кабриолет варијанта, Charge Mustang има класичен изглед на моделот од 60-тите години на минатиот век, но опремен со најсовремена технологија.

Посебна приказна е погонот. Во соработка со компанијата Arrival, поседува високотехнолошка единица со 64 kWh батерија со непотврден број на електрични мотори.

Системот обезбедува моќ од 408 КС и 1.200 Nm вртежен момент, како и забрзување од 0-100 km/h за околу три секунди. Charge Mustang, наводно, има автономија од 200 километри, а исто така е можно да се и избере опција за погон на четири тркала.

Овој Mustang добил луксузна кожа за интериерот, со персонализирана дигитална контролна табла со голем мултимедијален екран.

Производството е ограничено на 499 единици по почетна цена од 230.000 евра, а започнува во септември 2019 година.

Во меѓувреме, компанијата планира бројни тестови во метрополи како Лондон, Њујорк, Лос Анџелес, Токио и Шангај.