![Каква беше продажбата на најголемите автомобилски пазари во светот по првиот квартал?](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/04/cars.jpg)
Каква беше продажбата на најголемите автомобилски пазари во светот по првиот квартал?
Прогнозите не се „розови“
Само поглед на соодносот на резултатите од продажбата во споредба со претходната година дава лажна надеж, но ако се погледнат комерцијалните извештаи од 2019 година, лесно е да се разбере колку е длабока кризата во автомобилската индустрија.
Така, во Европа, во првиот квартал од 2021 година се продадени 3.080.000 автомобили, што е за 0,9% подобро отколку во истиот референтен период минатата година. Но, во текот на 2019 година, во тој период биле испорачани 4,136 милиони возила! Разликата во резултатот оваа и 2019 година доволно зборува за неуспехот на Стариот континент.
Продажбата во Кина практично експлодираше во првиот квартал од 2021 година. Регистрирани се дури 5.009.000 нови возила, што е за неверојатни 75% повеќе отколку во 2020 година. Сепак, Кинезите не се на нивото од пред две години, кога 5.994.100 луѓе решиле да купат нов автомобил во првиот квартал.
Една од ретките земји каде растот е континуиран е Индија. Во периодот од јануари до март во Индија биле испорачани 848.900 нови возила, што е зголемување за 35% во споредба со несреќната 2020 година. Индија бележи „плус“ од 0,6% и во споредба со 2019 година, што е голем успех со оглед на состојбата на глобално ниво.
На другата страна на Атлантикот, во САД, во текот на штотуку завршениот квартал биле испорачани 3.869.900 автомобили, со раст на продажбата од 11,3%. Сепак, Американците не се на нивото од 2019 година, кога биле испорачани нешто повеќе од 4 милиони возила.
Јапонија бележи благ раст од 4,2% или 1.196.800 регистрации, што е сè уште помалку од резултатот од 2019 година. За истиот временски период тогаш биле продадени 1.276.400 единици.
Пазарните резултати во Бразил во првиот квартал од 2021 се оценуваат како поразителни. Бразилците купиле нешто помалку од половина милион возила, односно 6,7% помалку отколку во 2020 година и 14,3% помалку отколку во истиот период во 2019 година.
Сосема спротивно, Русија успеала да го задржи истото ниво на продажба на нови автомобили. На крајот од кварталот, бројката на испорачани возила е 387.300 возила, што е нешто помалку отколку во 2020 година (390.000) и 2019 година (391.700), што значи дека Русија одржува скоро исто ниво на продажба, односно има благ тренд на опаѓање.
Регион | Прв квартал 2021 | Прв квартал 2020 | Разлика (%) 21/20 | Прв квартал 2019 | Разлика (%) 21/19 | Прв квартал 2018 |
Европа | 3.080.000 | 3.054.700 | 0.9 | 4.146.200 | -25.5 | 4.282.100 |
Русија | 387.300 | 390.000 | -2.8 | 391.700 | -1.1 | 392.900 |
САД | 3.869.900 | 3.476.500 | 11.3 | 4.008.200 | -2.9 | 4.093.100 |
Јапонија | 1.196.800 | 1.148.500 | 4.2 | 1.276.400 | -6.2 | 1.303.900 |
Бразил | 498.500 | 534.300 | -6.7 | 581.500 | -14.3 | 528.200 |
Индија | 848.900 | 657.200 | 36.3 | 844.200 | 0.6 | 861.500 |
Кина | 5.009.000 | 2.832.900 | 75.6 | 5.164.100 | -3.2 | 5.994.100 |