Повеќето луѓе се свесни дека автомобилите со мотори со внатрешно согорување не треба да се возат низ длабока вода, бидејќи тоа може, како прво, да доведе до исклучување на моторот, а потоа и до сериозни дефекти

Уште повеќе, механичките делови на моторот можат да се оштетат во случај на продирање на големо количество вода дури и ако моторот е исклучен. Во врска со ова, многу возачи веројатно не се свесни дека електричните автомобили подобро се справуваат во услови на поплава.

На интернет може да се видат бројни записи и приказни за возилата на Tesla, кои лесно се движат по поплавените улици и патишта како да се бродови. Дури и Елон Маск објави на Твитер дека Tesla „ќе работи како брод, барем привремено“ во вакви случаи.

Како и да е, многу е важно да се напомене дека возењето низ вода е опасно, а возењето низ длабока вода е крајно ризично, без оглед со кој автомобил возите. Меѓутоа, ако се најдете во таква ситуација, понекогаш едноставно немате избор.

Неодамна се појавија видеа на кои се гледа како Tesla Model 3 поминува низ поплавена улица во Кина. За жал, не знаеме повеќе детали за состојбата на автомобилот по ова „патување“, но може да се види дека тој функционирал доста добро додека се движел низ длабоката вода.

https://youtu.be/4615rDoVCRo

Инаку, Tesla, како дел од процесот на контрола на квалитетот на своите автомобили, има и тест за возење низ длабока вода. Видеото подолу покажува како изгледа такво тестирање на новите возила произведени од Tesla во фабриката во Кина, а делот од тестот што вклучува возење низ длабока вода започнува околу 1:09.