Француската групација PSA продала импресивни 2,18 милиони автомобили во првата половина од 2018 година

Во истиот период минатата година, PSA имала продажба од 1,58 милиони, што е разлика од дури 38%.

Овој резултат на групата PSA, составена од Peugeot, Citroen i DS, најмногу е благодарение на купувањето на Opel и неговиот под-бренд Vauxhall.

Интересно, продажбата на PSA напреднала и без Opel / Vauxall – 1,9 %.

Следниот чекор е глобалната експанзија на PSA, бидејќи ривалите не се доволно конкурентни надвор од Европа, особено во САД, а меѓу Америка, Кина и Европа се води трговска војна.

PSA е првенствено фокусирана на Европа, каде што продала 77% од своите автомобили, што е 11% повеќе од пред една година.