Моделот ID.3 технички е можеби само уште еден електричен автомобил во, но постои еден значаен фактор, а тој е дека ја носи ознаката VW, што значи дека има големи шанси да го повтори успехот на предците

Групацијата VW има четири брендови во своето портфолио кои ќе ги искористат придобивките од технологијата развиена за ID.3. Секако, тука е Škoda, која има интерес за создавање кросовер, потоа Seat со концептот el-Born (копија на ID.3) и наскоро Cupra кросовер, a да не го заборавиме и Audi. Згора на тоа, потпишан е договор со Ford, кој исто така ќе ја користи архитектурата.

Затоа, интересно е да се види како се произведува ID.3, бидејќи тоа ќе влијае на милиони автомобили, кои ќе се појавуваат на годишно ниво во средината на следната деценија.

Овој потенцијален „убиец на Golf“ се составува во Цвикау. Комплетниот под се склопува околу батерсикиот пакет, заедно со предната и задната суспензија, сопирачките, па дури и задно поставениот мотор. 

Volkswagen има намера да ги крати трошоците, особено за електричните модели. Логично, затоа што нема да продаваат многу, доколку луѓето не можат да ја издвојат потребната сума од џебот.

Во игра се три конфигурации кога станува збор за батерискиот пакет – 45, 58 и 77 kWh. Најслабиот изгледа исто, но има помалку ќелии, додека „макс“ верзијата има дополнителен трет систем, таму каде што би се наоѓал багажникот. Очигледно, кросоверите и седаните ќе имаат подолго меѓуосовинско растојание, а вреди да се спомене дека ID.3 е подолг од Golf за околу 15 сантиметри, барем кога станува збор за меѓуоскиното растојание. Воедно е и повисок.

Каросеријата се заварува одделно, а додека не се „спои“ со батеријата, веќе го поминала одделот за бои. Голем дел од процесот е автоматизиран, дури и делот за финална инспекција. 

Погледнете ги видео материјалите во прилог.