Како се произведуваат Porsche Macan и Panamera / ВИДЕО
Porsche ни покажува како ги произведува своите автомобили
Тимот на YouTube каналот Business Insider имал можност да го посети погонот на Porsche во Лајпциг, каде што се склопуваат Macan и Panamera. Од оваа фабрика, на годишно ниво, од производствените ленти излегуваат повеќе од 160.000 возила.
Производството започнува со процесот на склопување на школката од страна на роботи. Потоа се продолжува со бојадисување на каросеријата, а по процесот на бојадисување, следи процесот на сушење во времетрање од 35 минути.
Потоа, возилото стигнува на линијата за склопување каде го добива својот конечен облик. По вградувањето елементите од внатрешноста на возилото се преоѓа на подвозјето, суспензијата и системот за сопирање, а финалниот чекор е погонскиот дел.
Последната фаза е тестирање на автомобилот на патеката во кругот на фабриката.