Смартфонот одамна е незаменлив помошник, но и со него мора да бидете внимателни

Современиот паметен телефон ја замени навигацијата во многу автомобили, како и вградениот компјутер. Всушност, ниту едно патување со автомобил не е целосно без него. Единствениот проблем е што батеријата брзо се троши со толку интензивно користење. Затоа кабелот за полнење обично е при рака, но за да не се оштети смартфонот мора и правилно да се полни додека се возите во автомобилот, велат експертите.

Пред сè, адаптерот за полнење на паметниот телефон во автомобилот мора да има функција на систем за заштита на повеќе нивоа од краток спој и прегревање. Во спротивно, брзо ќе се отети, како што се случува со запалката. Затоа, кога купувате адаптер за полнење, треба да обрнете внимание на излезната моќност.

„Адаптер со струја од 1А ќе го полни паметниот телефон долго време, а доколку паралелно се вклучи GPS-навигацијата, ќе потрае уште повеќе – неколку часа. За побрзо напојување на батеријата, потребен е уред со излезна моќност од 2А или 2,4 А“, советуваат експертите.

Исто така, подобро е полнењето да се врши со флексибилен кабел, бидејќи шансите истиот да се оштети се помали. Исто така, телефонот не треба постојано да се полни додека сте во автомобилот – ако е постојано прикачен на кабелот, неговата батерија неизбежно ќе се загрее и, како резултат на тоа, ненејзиниот век на траење ќе се намали.