Како одговор на успехот на првата верзија, на крајот на првиот квартал од 2023 година ќе започне продажбата на ново ограничено издание од илјада возила My Ami Buggy, кои ќе бидат достапни во неколку земји, вклучувајќи го и моделот Ami.

Ова е добра вест за сите оние кои закаснија на почетокот на продажбата на првата ваква верзија на 21 јули годинава кога првите 50 примероци беа продадени за само 18 минути.

Проширувањето на верзиите на „My Ami Buggy“ на меѓународните пазари сведочи за успехот на електричното возило Ami, кое со концептниот дизајн и пристапноста започна вистинска револуција на полето на локалната мобилност. Од почетокот на продажбата на крајот на 2020 година, повеќе од 30.000 електрични возила Ami се продадени во девет земји.

Најновата верзија на „My Ami Buggy“ ќе биде многу слична на првото издание со неколку изненадувања кои подетално ќе бидат откриени пред доаѓањето на пролетта.

Корисниците на возилата Ami пред се разнолики, од 14 до 94 години, од тинејџери кои штотуку учат како да се осамостојат до постари лица кои ова возило го препознаваат како едноставно, безбедно и удобно превозно средство за кратки патувања.

Со својот симпатичен изглед, Ami успеа да навлезе во градското, надвор од градското, па дури и во регионалните области. Поради својата практична природа, тој исполнува многу потреби, било во верзијата со две седишта или во верзијата „My Ami Cargo“ за деловна употреба. Така, на пример, Ami е избран од хотелот Бладен во италијанскиот град Сапада, за да им понуди на своите клиенти ново искуство на мобилност без никаква врева и со почит кон околината во срцето на живописните Доломити.

Во Франција, Заедницата на општини Somme et Sud-Ouest (CC2SO) вклучила тринаесет возила Ami во својот возен парк, кои персоналот ги користи за да се грижи за старите лица кои живеат во своите домови. Во Белгија, AGO Jobs & HR го користи Ami како модерно и одржливо решение за зелена мобилност за работниците без возачка дозвола.