Fiat Panda е еден од најдолговечните, но исто така и најсимпатични градски автомобили, а сега би можел да добие и многу интересен наследник

На штотуку започнатиот авто саем во Женева претставен е концептот Centoventi, заедно со специјалните изведби на сите постоечки модели, а дизајниран по повод прославата на 120-от роденден на компанијата. Концептот е дизајнерска студија за електричен градски автомобил, кој ја најавува новата Panda.

Возилото поседува батерии со модуларен концепт кои може да се дополнуваат со нови сетови на келии. На пример, ова значи дека можете да купите Panda, односно Centoventi со автономија од 200 километри, а потоа, откако ќе сфатите дека ова не е доволно, можете да додадете уште една батерија за да достигнете максимум автономија од 500 километри.

Новиот модел ќе биде дел од програмата за индивидуализација „4U“, а купувачот ќе може да избере од 4 бои на покривот, 4 дизајни на браникот, 4 типови на фелни и 4 верзии на надворешниот изглед, односно фејслифтот како таков заминува во историјата бидејќи сопственикот ќе може само да го надградува автомобилот со нови опции. Покрај овие опции достапни во секој сервис на FIat, ќе има и над 100 опции кои сопственикот сам ќе може да ги вгради во автомобилот. Преведено, Fiat влегува во нова фаза на демократизација на понудата на автомобили. Како што велат, ова е ABC автомобилит (Affordable but Cool) и ја продолжува приказната започната со Fiat 500.

Инаку концептот е долг 3.680 mm во должина, висината е 1.527 mm, а ширината 1.740 mm.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1ZXSYUszSRPi6TrzcqcmzKKR2GcElq1mG” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]