Електричните автомобили и доставни возила ќе учествуваат со 45 проценти од уделот на пазарот, а помалку од еден процент ќе останат за возилата со водородни горивни ќелии и дизели

Веќе знаете дека намерата на Европската унија е да ја забрани продажбата на бензински и дизел автомобили како и возила за испорака на нејзина територија во 2035 година. Ние не сме дел од европската заедница па не знаеме што не чека. Но, како ќе биде во остатокот од светот? Дали 2035 година е моментот кога ќе се збогуваме со моторите со внатрешно согорување? Одговорот е сигурен – НЕ! Барем така прогнозира угледната консултантска куќа за менаџмент и стратегии Boston Consulting Group.

Така, BCG најавува дека во 2035 година ќе се продаваат 11 отсто бензин или 43 отсто од сите видови хибриди (благи, целосни или plug-ina) базирани на бензински мотори. Електричните автомобили и доставни возила ќе учествуваат со 45 проценти од уделот на пазарот, а помалку од еден процент ќе останат за возилата со водородни горивни ќелии и дизели

Ако сакате нов хибрид, бензинец или дизел, ќе мора да се преселите во делови од Азија, Јужна Америка или Африка.