По премиерата на новиот Focus, Ford ја објави комплетната понуда на овој модел за германскиот пазар

Новите модели на автомобили на промотивните фотографии најчесто се прикажани во своите најскапи верзии, со најбогатите пакети за опрема, за разлика од рекламните кампањи кога производителите најчесто рекламите ги креираат со истакнување на основната цена на најевтината верзија на возилото.

По официјалната промоција на новиот Focus, на германската веб страница на производителт се појави конфигуратор за новиот модел, а со тоа и секој пакет кој е достапен на потенцијалните купувачи, вклучително и најскромната верзија Trend.

Од фотографиите на надворешноста, прво што е воочливо е недостигот на алуминиумски фелни. Наместо нив, тука се обичните челични бандажи со пластични капаци.

Во споредба со поскапите верзии на Focus, воочлив е и недостатокот на предни светла за магла, на чие место се наоѓа обична декоративна маска.

Скромна е понудата и на бои за надворешноста – освен основната бела, достапна е само темно сината Blazer Blue.

Разликите се забележливи и во салонот. Наместо голем 8-инчен екран од мултимедијалниот системот, во основна верзија на располагање е многу помал екран.

Најевтиниот Focus е опремен со 1.0-литарски EcoBoost бензински мотор со 85 КС (63 kW), а за преносот е задолжен мануелен менувач со 6 брзини.

Иако изгледа многу сиромашно споредено со поскапите верзии, барем на прв поглед, Ford Focus Trend има прилично добра стандардна опрема, во која, меѓу другото, се вклучени климатизација, електрични контроли за сите 4 прозорци, Bluetooth конекција, LED дневни светла, како и систем за одржување на автомобилот во лентата на движење.

Основниот Ford Focus во Германија чини 18.700 евра.