Ова се најмоќните погонски агрегати во светот

0

Најмоќниот мотор со 2-цилиндри е погонски агрегат на еден Fiat модел, додека најмоќниот мотор со 16 цилиндри е резервиран за хипер автомобилот на Bugatti

Иако според многу аналитичари на моторите со внатрешно согорување им се бројат деновие до конечно исчезнување, а светот влегува во ерата на електрични автомобили, SUS агрегатите и понатаму се убедливо најзастапени помеѓу сите видови на погонски единици, а понудата и разновидноста на овие мотори никогаш не била поголема.

Изданието Motor1 спровело истражување за најмоќните агрегати во производнит модели кои моментално се достапни на пазарот, а погонските единици се подредени во категории врз основа на бројот на цилиндри.

2-цилиндерски мотори

Најмоќниот мотор со 2-цилиндри е 0.9 литарскиот TwinAir турбо бензинец, кој е вграден во моделот Fiat 500.

Овој мотор произведува импресивни 105 КС (77 kW).

Иако постојат мотоцикли со помоќни агрегати со 2 цилиндри, овој пат предмет на интерес се само автомобилите, па затоа и победник во оваа категорија е FIAT.

3-цилиндерски мотори

Во моментов, најмоќниот мотор со 3 цилиндри на пазарот е 1.0 EcoBoost турбо бензинецот на Ford со 136 КС (100 kW).

Оваа единица, сепак, нема долго да се одржи на лидерската позиција, бидејќи наскоро се очекува 1.5-литарски мотор до 200 КС (147 kW), кој ќе ја придвижува новата Fiesta ST.

Кога станува збор за модели со хибриден погон, лидер во сегментот е 3-цилиндерскиот 1.5-литарски Twin Turbo бензински агрегат со моќност од 231 КС, кој заедно со електричен мотор од 131 КС (96 kW) се инсталира во спортскиот BMW i8.

4-цилиндерски мотори

Во оваа класа, водечката позиција ја држи Mercedes-AMG со 2.0 литарски турбо бензински мотор од 381 КС (280 kW), кој е погон за модели како A45, GLA45 и CLA45.

5-цилиндерски мотори

Очекувано, во оваа категорија, владетелот еAudi, кој е познат по своите 5-цилиндeерски модели.

Нивниот 2,5-литарски бензински мотор, кој е вграден во модели како Audi RS3 и Audi TT RS, развива 400 коњски сили или 294 kW.

6-цилиндерски мотори

Во моментов најмоќниот погонски агрегат со 6-цилиндри кој е погон во некои сериски модели, е „boxter“ бензинскиот агрегат од Porsche 911 GT2 RS.

Станува збор за 3.8-литарски би-турбо мотор кој располага со 700КС (5.175 kW).

8-цилиндерски мотори

Погонските јединици со V8 конфигурација се многу распространети пред се во суперспортските автомобили и наошаат во голем број на модели како Chevrolet Corvette, Ferrari 488, McLaren 720S …

Сите тие имаат импресивна излезна моќ, но актуелниот шампион во оваа класа е 5.0-литарскиот би-турбо V8 мотор од моделот во замунување Koenigsegg Agera RS, кој нуди фантастични 1.379 коњски сили (1.014 kW).

Сепак, наскоро треба да дојде до смена на врвот во оваа категорија, бидејќи американскиот Hennessey го започнува производството на Venom F5, чиј 7.4-литарски би-турбо V8 нуди уште поимпресив 1.622 КС (1.193 kW).

10-цилиндерски мотори

Сегашниот владетел помеѓу агрегатите со 10-цилиндри е атмосферскиот 5.2 V10 кој го придвижува Lamborghini Huracan Performante. Оваа погонска единица испорачува 640 КС (470 kW).

Причината зошто моќта на овој мотор е половина од најмоќниот агрегат со 8-цилиндри, е таа дека станува збор за атмосферец, додека споменатиот V8 мотор е опремен со два турбо полначи.

12цилиндерски мотори

Лидер помеѓу погонските единици со 12-цилиндри е атмосферскиот 6.5-литарски V12 мотор на Ferrari, кој во моделот 812 Superfast развива 800 КС (588 kW).

Со помош на овој мотор, Ferrari 812 Superfast од 0 до 100 km/h забрзува за само 2,9 секунди.

16-цилиндерски мотори

Конкуренцијата помеѓу погонските агрегати со 16-цилиндри е најмала, а титулата најмоќен му припаѓа на 8.0-литарскиот W16 мотор со четири турбополначи во Bugatti Chiron.

Оваа единица произведува 1.500 КС (1.103 kW) при 6.700 вртежи во минута.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »