Formula 1 Кина 2018: Прва сезонска победа за Рикиардо и Red Bull

0

Возачот на Red Bull, Даниел Рикиардо со извонредна стратегија ги надмудри фаворитите и ја освои Големата награда на Кина во Шангај. Ова е прва победа на Red Bull во Кина по 2010 година.

Австралискиот возач во 46-от круг го помина дотогаш водечкиот во трката Валтери Ботас и ја обезбеди првата победа за Red Bull во сезоната, a шеста во неговата кариера.

Мора да се каже дека триумфот во Шангај покрај одличното возење се должи и на добрата стратегија со менување на гуми, бидејќи и двата возача на Red Bull во моментите кога на патеката беше безбедносното возило по сударот на двата болида на Toro Rosso, влегоа во боксовите на замена на пневматиците што не го сторија од Ferrari и Mercedes, што придонесе за доминација на патеката.

Второто место го освои Валтери Ботас од Mercedes, а трет беше Кими Раиконен од Ferrari.

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон го освои четвртото место, а петти беше Макс Верстапен од Red Bull, кој иако трката ја заврши пред Хамилтон, поради казна од 10 секунди добиена по контактот со Себастијан Фетел, се спушти на петтото место во крајниот поредок.

Шестото место му припадна на Нико Хулкенберг од Renault, пред Фернандо Алонсо од McLaren и Фетел на осмото место. Бодови освоија и Карлос Саинц од Renault и Кенин Магнусен од Haas.

Резултати

Генерален пласман (возачи)

Изјавија по трката:

Себастијан Фетел

Макс Верстапен:

Следната трка на програмата е на 29 април за Големата награда на Азербејџан.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »