Kако изгледа најлуксузниот теренец во светот / ВИДЕО
Минатиот месец, германскиот Daimler крена многу прашина во автомобилската индустрија кога се приклучи на супер луксузниот SUV пазар, откривајќи го своето најрепрезентативно возило
Mercedes-Maybach GLS влегува во овој сегмент како постојан член на марката, при што продажбата во САД започнува во втората половина на следната година. А за неговите најинтересни карактеристики можеме да дознаеме повеќе, благодарение на новото, скоро 20-минутно видео на YouTube.
Снимката е направена во Дубаи, погодно место за снимање на новиот теренец на Maybach, каде презентерот ги покажува деталите за дизајнот специфични за верзијата на GLS со знакот на Maybach. Видеото, исто така, нè води низ контролите и можностите за интериерот, вклучително и инфо-забавниот систем MBUX. Примерокот од видеото е во Hyacinth Red нијанса на црвена боја и дополнет со тркала од 23 инчи од Maybach.
Кога ќе се фрли поглед на задните седишта, јасно е дека станува збор за полуксузната варијанта со четири места, богато опремена со сè што може да се замисли – склопливи подметачи, шише шампањ, наменски мирис, систем за забава и многу повеќе. Сите четири седишта во салонот имаат опции за ладење и греење и се стандардно опремени со масажери.
Под капакот на моторот се наоѓа хибриден 4-литарски V8 погон кој генерира 550 КС (410 kW) и 729 Nm вртежен момент. Тука и и EQ електричното засилување, кое додава 21 КС (16 kW) и 249 Nm за кратко време. Системот треба GLS 600 4Matic од 0 до 100 km/h да го одведе за 4,8 секунди, а максималната брзина за верзијата во САД е ограничена на 209 km/h. Во меѓувреме, европските клиенти ќе може да уживаат во електронски ограничена брзина од 250 km/h.