Кај ли им бил паметот… Демонстрација како не се вози во кабриолет! / ВИДЕО
Иако ова BMW е со четири седишта, двајцата патници позади мислеле дека би било добра идеја да седнат на задниот капак од автомобилот…
Секојдневно особено по социјалните мрежи може да се видат несовесни возачи како прават глупави работи, особено на автомобилски „дешавки“, а обично возачите на Ford Mustang или Chevrolet Camaro во САД се шампиони во лудориите на патиштата. На оваа листа сега може да се додадат и возачот (но и патниците) на овој кабриолет BMW M4.
Видеото е снимено некаде во Обединетото Кралство и покажува сјајно црн кабриолет М4 како напушта автомобилски собир. Иако ова BMW е со четири седишта, двајцата патници позади мислеле дека би било добра идеја да седнат на задниот капак од автомобилот наместо на своите седишта. Како тоа да не е доволно глупава идеја само по себе, возачот потоа решава да забрза за да види дали неговите двајца пријатели можат да се задржат на автомобилот.
Додека едниот од двајцата патници позади се држи за потпирачот за глава на совозачкото седишта, другиот патник не се фаќа за ништо и на крајот се лизга преку капакот на палубата, пред да падне на земја и прилично силно да ја удри главата. За среќа, тој брзо станува и се чини дека не се здобил со сериозни повреди.
Инцидентот е уште посмешен поради реакцијата на еден гледач кој ја гледал целата работа.
It’s a 5.9 from the judges for artistic merit… pic.twitter.com/3rN39jqGym
— Paul Cowland ⛽️ (@PaulCowland_) April 10, 2022