Каде е границата? Глупава акробација со Tesla каква досега веројатно не сете виделе! / ВИДЕО
Неверојатно е до кое ниво на опасност одредени поединци се подготвени да одат за нивните акробации да завршат на социјалните мрежи
Откако оваа „авантура“ стана вирална, полицијата во Лос Анџелес нуди парична награда за информации за возачот на изнајмената Tesla кој во неделата наутро се судрил со два автомобили пред да побегне.
Досега на социјалните мрежи сме виделе многу „идиотски“ видеа снимени за клик повеќе, но ова секако заслужува посебна титула. Имено, откако во саботата навечер го напуштил состанокот на сопственици на модели на Tesla во Лос Анџелес, сопственикот на Model S решил да ја воодушеви публиката со скок со полна брзина во станбена улица.
Јутјуберот Алекс Чои го снимил сето тоа и споделил видео од состанокот на сопственици на модели на Тesla, а потоа и „авантурата“ која завршила со неконтролиран удар.
„Средбата помина без никакви инциденти и овој човек сакаше да ми го покаже местото каде што јутјуберот Дејвид Добрик, претходно, скокнал со својот Tesla Model X“, вели Чои.
На изненадување на никого освен на личноста зад воланот, Model S полетал високо, слетал и се занел и извртел, удирајќи во корпите за отпадоци во соседството пред да застане судирајќи се со Subaru Forester. Според Чои, кој се приближил до автомобилот по скокот, никој во Tesla моделот не бил повреден, вклучително и мачката што била во автомобилот.
Гледајќи го ова видео, не е тешко да се заклучи како овој инцидент лесно можел да заврши во солзи за сите инволвирани – од возачи и патници до момци кои снимаат со своите мобилни уреди од страна, но и жителите на соседните куќи.
Неверојатно е до кое ниво на опасност одредени поединци се подготвени да одат за нивните акробации да завршат на социјалните мрежи…