Претходно оваа година, Kia престави реклама во која тој ги пофали теренските способности на кросоверот Sorento. Во оваа реклама, двајца мажи се упатуваат до познатата теренска патека Моаб во државата Јута, САД, и успеваат да го совладаат делот познат како Hell’s Gate ( Портата на пеколот)

Станува збор за еден од најтешките терени во светот каде што и значително модифицирани возила мака мачат за да стигнат до врвот. Иако Sorento успеал во тој потфат, корејскиот производител на автомобили напомена дека на кросоверот му биле потребни нови гуми, заштитна плоча под моторот и „анти-рол бар“ – нешто што не е дел од стандардната понуда.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VYl42dcJeLM

На Jeep рекламата толку многу им се допаднала што решиле да направат пародија. Во нивната комерцијална објава двајца мажи облечени како хрчаци (пародија на сметка на Kia која често ги користи овие животни во реклами за моделот Soul) се обидуваат да ги направат споменатите модификации на Sorento, но никако не успеваат. Тие на крајот одлучуваат да се упатат на Моаб со Jeep Grand Cherokee, со образложение дека нему не му треба промена со цел да се совладаат тешкиот терен.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=15&v=jpGeZdyVOls

Оваа реклама засега ги поделила Американците. Повеќето се согласуваат дека значително поскапиот Grand Cherokee, особено во Trailhawk верзија, нема потреба да се докажува против типични градски кросовери, но има и такви кои мислат дека ова е класичен пример на американска несигурност на производителот на возила, како последица на популарноста на кросовер возилата воопшто.